За Владата 38,7 милиони евра

Bez autora
Apr 05 2012

Во државната каса ќе влезат 38,7 милиони евра кои македонската Влада ќе ги добие од дивидендата во Македонски Телеком. Според одлуката на Собранието на акционери, вкупниот износ на дивидендата за 2011 година што ќе се подели изнесува 6.163.556.917,00 денари (100 милиони и 220 илјади евра). Односно бруто-износ од 71,46 денари по акција (заокружено на две децимали) во кој е вклучен данокот на добивка, персонален данок на доход и данокот по задршка, каде што е применливо. Во вкупниот бруто-износ на дивидендата за 2011 се внесени и 20 милиони евра од добивката на Т-Мобиле Македонија која се префрла од 2010 во 2011 година. Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија лани остварија добивка од 80 милиони евра.

За Владата 38,7 милиони евраВо државната каса ќе влезат 38,7 милиони евра кои македонската Влада ќе ги добие од дивидендата во Македонски Телеком.

Според одлуката на Собранието на акционери, вкупниот износ на дивидендата за 2011 година што ќе се подели изнесува 6.163.556.917,00 денари (100 милиони и 220 илјади евра). Односно бруто-износ од 71,46 денари по акција (заокружено на две децимали) во кој е вклучен данокот на добивка, персонален данок на доход и данокот по задршка, каде што е применливо.

Во вкупниот бруто-износ на дивидендата за 2011 се внесени и 20 милиони евра од добивката на Т-Мобиле Македонија која се префрла од 2010 во 2011 година. Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија лани остварија добивка од 80 милиони евра.

- Добивката годинава се состои од две компоненти. Едната е добивката на Македонски Телеком зголемена за дивидендата од Т-Мобиле Македонија за 2010 година, која излегува во консолидираните извештаи на 2011 година - изјави по седницата претседателот на Собранието на акционери, Горан Торбаков.

Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, парите од дивидендата ќе влезат во Буџетот.

- Средствата ќе ги користиме за сите намени и тие се планирани како буџетските приход од почетокот на годинава - рече Ставрески.

Исплатата ќе се изврши во периодот помеѓу 25 април и 7 мај годинава. Право на дивиденда за минатата година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во книгата на акционери на Македонски Телеком на 11 април 2011 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за минатата година е петок, а прв ден за тргување без право на дивиденда за 2011 година е 9 овој месец.

На Собранието на акционери е одобрено и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2011 година. По оставките на Гунтер Мосал и Клаус Ничке, за нови извршни членови на Одборот на директори на Македонски телеком се избрани Томас Панханс и Сузане Крогман, со мандат од почетокот на месецов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik